На оваа видео снимка е прикажана бела ајкула која се смета за најголемата ајкула која досега била снимена на филм. Грабливецот долг шест метри бил снимен во близина на островот Гвадалупе во Мексико и снимката беше пуштена на документарниот филм „Ајкулата го враќа ударот“ на Дискавери.
Во времето кога била снимена „Дип Блу“, како што ја нарекле ајкулата, била бремена, а истражувачите проценуваат дека била стара околу 50 години. Според документарниот филм, ајкулата е препознатлива по нејзините лузни кои ги добила или при парење или при борба, како и по нејзината огромна големина.
Оваа снимка минатата недела беше објавена на Фејсбук страницата на камерманот кој ја снимил, Маурицио Хојос Падила, и по објавувањето собра 8 милиони видувања. Големите бели ајкули се најголемите риби грабливци на земјата и вообичаено растат до 4.5 метри должина и тежат до 2300 килограми.