На некој начин, сите војни се глупави, но ниту една не била глупава како битката кај Заполино, која се водела поради дрвена кофа.
Војната за „Дабовата кофа“ се водела во 1325 меѓу ривалските градови-држави Болоња и Модена во Италија. Таа започнала кога група моденски војници скришно влегле во Болоња и украле кофа од даб користена за исцртување на водата од бунарот лоциран во центарот на градот. Додека самата кофа немала историска или сентиментална вредност, навредата ѝ наштетила на Болоњската гордост, а понижените граѓани на Болоња барале да се врати кофата. Од Модена одбиле и тоа ја навредило Болоња и им била објавена војна.
Болоња спремила огромна војска од 30.000 војници и 2000 кавалери и ги марширале кон бојното поле лоцирано во близината на денешната општина Заполино. Нивните противници имале сиромашна војска која се состоела од само 5.000 мажи и 2.000 кавалери кои Модена успеала да ги собере. Освен тоа војската на Болоња била поставена на ридот, а војниците на Модена биле расфрлани на рамнината.
И покрај тоа што била надбројана речиси шест на еден и практично била опкружена од непријателот, армијата на Модена се борела храбро и за само неколку часа битката била завршена. Така што војниците на Болоња
трчале кон градот а војниците од Модена ги бркале. Моденеската војска не само што ги бркала понижените Болоњски војници до Болоња, туку успеале да ги пробијат градските порти и да уништат неколку замоци и брана на реката Рено, со што го лишиле градот од вода.
Сепак војниците од Модена решиле да не го уништат градот туку само да ја понижат Болоња. тие направиле забава пред портите на градот у украле уште една кофа. Околу 2.000 мажи ги загубиле животите во оваа бизарна и целосно непотребна битка.
Но, она што се случило тој ден била кулминација на долгогодишна расправија меѓу две завојувани фракции во северна Италија – Гуелф и Гибелини, кои биле на спротивставени страни на уште поголема борба помеѓу Ватикан и Светото Римско Царство за политички контрола на средновековна Европа.
По војната, двете страни се согласиле на мир, а Модена вратила неколку работи кои претходно ги запленила од Болоња, како гест на добра волја. Но кофата? Таа никогаш не била вратена.
До ден-денес градот Модена ја држи во подрумот на Торе де ла Гирландина. Сега во општината на Модена може да се види реплика од оригиналната кофа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.