Микроскопскиот свет е интересен за гледање и прилично ги интригира научниците. Nikon ги објави победничките слики од нивниот 43-ти годишен „Натпревар за мал свет“, славејќи ја чудната и прекрасната земја на „најмалите“. Главната награда му беше предадена на д-р Брам ван ден Брук и неговиот тим од Холандскиот институт за рак, за слика од клетка на кожата која изразува прекумерна количина кератин (слика подолу). Не само што оваа слика изгледа апсолутно зашеметувачка, туку е направена со една од најнапредните технологии за фотографирање.
„Постојат повеќе од 50 различни кератински протеини познати кај луѓето. Шаблоните на изразување на кератин често се абнормални кај клетките на туморот на кожата и на тој начин се широко користени како тумор маркер во дијагностиката на ракот “, вели д-р Ван ван ден Брок. „Со проучување на начинот на кој различните протеини како кератин динамично се менуваат во клетката, ние може подобро да разбереме како оди прогресијата на ракот и другите болести“.
Оваа година за натпреварот се пријавиле над 2.000 луѓе од 88 различни земји. Група научници и научни новинари ги избраа најдобрите слики врз основа на нивната научна и естетска вредност.
Д-р Хави Сарфати го доби второто место за неговата слика на расцетана глава на растение (сликата подолу). Д-р Сарфати е ветеринарен офталмолог и фотографира преку микроскоп околу осум години. Иако неговиот интерес за микрофотографија започнал со операциите на очите кои што тој ги извршувал, тој исто така сака да ги гледа предметите што ги наоѓа во својата градина.
Третата награда му била дадена на Жан-Марк Бабалијан за слика (слика подолу) која ги прикажува живи волвокс алги кои ги ослободуваат своите ќеркински колонии. Во случај да не забележавте, исто така изгледа како омилената видео игра PacMan. Минатиот месец, Никон, исто така, ги откри победничките видеа за нивниот седми годишен „Натпревар за мал свет во движење“.
А ова се фотографиите на останатите финилисти.