Енди и Шерон Сајкс од американскиот град Далас ја посвоиле малата Хана, сираче од Кина. Кога ја земале од сиропиталиштето, вработените им кажале дека Хана била неразделна од едно момче од сиропиталиштето, малиот Досон. За среќа, 11 месеци потоа и Досон бил посвоен од родители од истиот град како и Хана. Новите родители на двете деца се договориле да ги изненадат децата со средба на аеродромот во Далас, кога Досон одеше во својот нов дом.