Една од многуте причини поради кои бродоломот на Титаник се издвојува од другите бродоломи е поетската и драматичната нишка во врска со овој случај. Фактот дека оркестарот продолжил да свири и покрај тоа што луѓето трчале наоколу во обид да се спасат од бродот кој тоне, придал значајна роматнична и сентиментална содржина на овој трагичен настан. Згора на тоа, се раскажува дека кога било извлечено телото на Волис Хартли, главниот виолинист и водач на оркестарот – тој сѐ уште го имал куферот со виолината, врзан на неговиот грб.

hv01

Во март 2013 година, по две години темелно форензичко испитување по налог на аукционерите Хенри Елдриџ и Синот, било прогласено дека виолината најдена во домот на еден Британец, чувана во кожен куфер на кој стоеле инцијалите „В. Х. Х.“ бил инсрументот на Харлти, кој според легендата ја свирел мелодијата „Поблизу до тебе, Господе“ за време на последните мигови на бродот.

hv02

За потврдувањето на автентичноста на германската виолината помогнал и натписот кој неговата сопруга Марија Робинсон го врежала на инструментот во 1910 година, кој гласи: „За Волис, по повод нашата свршувачка од Марија“.

hv03

Хартлиевата виолина била изложена во Северна Ирска на бродоградилиштето кадешто бил изграден бродот Титаник, за првпат откако во 1913 година била продадена за сума од 1 454 400 долари.

Сподели на Facebook
пати видено