Во приватна збирка е најден алхемиски ракопис од седумнаесеттиеот век напишан од страна сер Исак Њутн. Најпознатиот физичар, чиишто закони за движењето и гравитацијата се основните закони според кои неколку векови се дефинирал појавниот универзум, исто така е познат и по тоа што напишал нешто и за алхемијата – претходникот на современата хемија. Во тоа време алхемичарите верувале дека било возможно да се разбијат металите на нивните составни делови и да се изменат во поскапоцени како злато и сребро.
Во еден од тие ракописи на Њутн детално се опишува рецептот за создавање на волшебниот философски камен – нешто за што порано се верувало дека е клуч за бесмртноста. Рецептот се појавил за време на аукција во Бонамс, САД, откако стоел затрупан во приватна збирка со години.
Белешките на Њутн биле продадени за време на наддавање на Фондацијата за хемиско наследство во Филаделфија, САД. Сега се планира тие да се објават на интернет и со тоа да станат достапни за понатамошно проучување и анализа.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.