Научниците открија расипан катник стар 14.000 години, кој делумно бил исчистен со камени алакти. Откритието претставува најстар археолошки пример за рачна оперативна интервенција врз патолошка состојба – истакнуваат истражувачите предводени од Стефано Бенаци, палеоантрополог од Болоњскиот универзитет.

„Ова претходи на секое неспорно сведоштво за бушење на заб или кранијална трепанацаија кои датираат до мезолитско-неолитскиот период“, изјавува Бенаци.

Oldest Dentistry Found in 14,000-Year-Old Tooth

Пациентот бил млад човек, на возраст од околу дваесет и пет години и живеел во северна Италија. Неговиот добро сочуван скелет бил најден во 1988 година во Венето Доломитес, во близина на Белуно, во камена гробница наречена Рипари Вилабруна. Се смета дека е стар помеѓу 13.000 и 14.000 години. Сега се чува во Ферарскиот универзитет за понатамошни проучувања.

„Третманот сиве овие години останал незабележан. Шуплината била опишана како обичен кариес“, вели Бенаци.

Детално опишувајќи го нивното откритие за научното списание Scientific Reports, Бенаци и неговите колеги покажуваат дека биле применувани различни видови на лекување на забите веќе во доцниот горен палеолит. Во тоа време луѓето веројатно почнале да прават чепкалки за заби од коски или дрво за да ги отстрануваат остатоците од храна помеѓу забите. Но, досега не бил откриен никаков докза кој за нега и лекување на забите кај палеолитските луѓе. Во Словенија бил најден забен полнеж од пчелин восок, стар 6.500 години, а примери за бушење на заб, веројатно со цел да се отстрани изгниеното ткиво, се среќаваат кај 9000 години стари катници најдени во неолитски гробишта во Пакистан.

Сподели на Facebook
пати видено