Најдебелото дете во светот кое тежи цели 196 килограми на само 10 години ќе оди на операција во обид да го спасат неговиот живот.
Мухамед Абрар, од Пакистан, се бори да застане на нозе откако редовно јаде оброци кои можат да нахранат 4 возрасни личности.
И покрај тоа што имал нормална тежина откако се родил, тој набрзо почнал да се здебелува и имал 19 килограми на само 6 месеци. Неговите лекари велат дека тој е најдебелото момче во светот со поголема тежина од индонезиската Арија Перманa, која ѝ стана позната на јавноста со тежина од 184 кг на возраст од десет години, пред три години.
Неговите родители, кои имаат две други здрави деца, рекоа дека Мохамед е постојано гладен и како новороденче пиел пет пати повеќе млеко од неговите постари браќа и сестри. Тој бил толку тежок што неговата мајка Зариена не можела да му ги менува пелените и морале да направат специјално креветче за него.
Но, сега неговите родители се надеваат дека Мухамед би можел да има нормална тежина откако најпознатиот хирург во земјата, д-р Маз ул Хасан, се согласи да изврши операција која ќе му го спаси животот на детето.
Вознемирените родители на го носеле на неколку лекари за да побараат медицинска помош, ставајќи го на строга диета, но младиот Мухамед не можел да го следи режимот, често се откажувал од него поради неговиот апетит.
Очајните родители конечно се сретнаа со д-р Маз пред два месеци, кои им покажал начин преку бајатрична хирургија – процедура за постигнување губење на тежината со намалување на големината на стомакот со помош на гастрични ленти.