Најдебелиот човек во Британија кој тежеше 412 килограми почина на 33 годишна возраст – бил најден мртов само неколку часа откако нарачал крамбл од јаболка и сладолед од неговиот омилен ресторан со брза достава.

На итната помош ѝ биле потребни неколку часа да го однесе телото на Карл Томпсон од неговиот дом вчера наутро, употребувајќи мал кран да го изнесе неговото тело преку балконот и затворајќи ја улицата. 33-годишникот од Довер бил затворен дома повеќе од една година откако докторите го предупредиле дека мора да изгуби 70 отсто од неговата телесна тежина за да може да преживее.

 29D7505E00000578-3133508-image-a-12_1434913976809 29D7506A00000578-3133508-image-a-26_1434903603389

Минатата ноќ сосптвеникот на ресторанот кој му доставувал храна до неговиот кревет имајќи клуч од неговиот стан, разговарал со него за последен пат во тоа што се испоставило дека е негова последна нарачка.

Во неделите пред да почине, нивниот најдобар муштерија го намалувал бројот на порачките со цел да ослабне.

Мердад Мохеби, сопственик на блиска пицерија за Сан изјавил: „Не можам да верувам. Тој намали од сѐ што нарачуваше. Нарачуваше само една до две работи дневно. Кога ја примив нарачката, си изгледаше среќно. Зборуваше за тоа како ќе оди во болница и ќе му прават тестови. Беше полн со живот.“

Минатиот месец г-н Томпсон се појавил на „Ова Утро“ и побарал помош за тоа како да ослабне, сакајќи да ослабне по природен пат. Кога неговата мајка починала од тумор на мозокот во 2012 година, Томпсон се оддал на брза храна како начин на кој би се справил со тагата – и покрај тоа што веќе бил со прекумерна тежина.

Неговата тежина од 195 килограми за само три години се зголемила на над 400 килограми, со што станал неспособен да се грижи за себеси. Внесувајќи неверојатни 10.000 калории секој ден – четири пати повеќе од количеството кое му е потребно на просечен човек, Томпсон се хранел со кинеска храна и пици кои му биле донесувани пред врата и секој ден трошел по десет фунти за чоколада, при што парите ги добивал од социјална помош. Неспособен да оди ниту да самиот да се облекува, за него се грижел тим од службата за медицинска грижа на Британија.

22J-fat man diet

29D7506E00000578-3133508-image-m-27_1434903640501

29D7507600000578-3133508-image-a-28_1434903646254

Живеејќи на социјална помош како неспособен за работа, тој не работел ништо уште од неговата 17-годишна возраст и неделно трошел 200 фунти на храна која ја нарачувал по телефон и на интернет.

Иако Томпсон неговата прекумерна тежина ја припишувал на смртта на неговата мајка, тој признава дека отсекогаш ја „сакал“ храната. Минатиот месец, откако станал најдебелиот човек во Британија, се појавил во јавноста барајќи помош за да го надмине овој проблем. Докторите го предупредиле дека ако не успее да ја намали телесната тежина за 70 отсто, му се заканува смрт.

29D7507A00000578-3133508-image-a-13_1434913982994 29D7506500000578-3133508-image-a-10_1434913951176

За разлика од Пол Мејсон, поранешниот најдебел човек во Британија кој тежел 400 килограми пред да изгуби 300 килограми со помош на операција, Томпсон не сакал да се придружи на операција, сакајќи да ослабне по природен пат.

29D7508100000578-3133508-image-a-9_1434913946428

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено