Реалните ТВ шоуа и така не се на најдобар глас (и покрај нивната апсурдно огромна гледаност и уште поапсурдната желба на широк круг луѓе да учествуваат во нив). Во последно време модерен е интерактивниот пристап при кој и гледачите преку телефонска линија можат да учествуваат во нив. Како што видео игрите стануваат се пореалистични, нема да е некое големо изненадување во иднина и филмовите да ја вклучат оваа интерактивна компонента. Тоа можеби звучи јако, но понекогаш забавата со активно учество може да биде едноставно погрешна.
1. Покајниците се натпреваруваат (2009)
Рабин, имам, поп и монах влегуваат во риалити шоу. Не, ова не е почеток на мрсен виц, ова навистина било реално шоу во Турција. Четворицата се натпреварувале помеѓу себе кој ќе привлече повеќе атеисти во нивната религија. Пред да се емитува, турскиот калифат му забранил на имамот да се појави, па така целата таа работа пропаднала.
2. „Сусуну! Денпа шонен“ (1998)
Предизвикот на ова ТВ шоу е да живеете гол, сам во еден стан, заклучен во соба со телевизор на кој се прикажуваат само игри од вашиот омилен спортски тим. Ако вашиот тим победува, ќе јадете, а ако изгубат – седите гладни.
3. Гаки но Цукаи (1989 – сѐ уште трае)
Ако одговорите погрешно на поставеното прашање во оваа јапонска ТВ игра, човек со својот гол задник (и гениталии) полека се приближува кон вашето лице.
4. Сите мами на моите бебиња
Шоти Ло, рапер од Атланта, станал татко на 11 деца со 10 различни мајки. Поентата на ова ТВ шоу била да ги стави заедно сите во една куќа и да се види што ќе се случи. NAACP (во превод од англиски: Национално здружение за напредок на обоените луѓе) покренало петиција против неа и нејзиното емитување било откажано.
Меган сака милионер (2009)
Риалити шоу емисиите понекогаш нарочно примаат на кастинг „луди луѓе“ или луѓе кои се некаде во спектарот на ментални нарушувања или попреченост во развојот, „за да биде интересно“, нели. Но во шоуто „Rock of Love“ се покажало дека тоа не секогаш е „добра“ идеја. По емитувањето на третата епизода било откриено дека еден од натпреварувачите ја убил својата бивша жена и го спакувал нејзиното тело во патнички куфер.
6. Лебед (2004)
На секој натпреварувач му се доделува тим за убавина во кој влегуваат тренер, терапевт, пластичен хирург и забар. Целта е од „грдо пајче“ натпреварувачот да се претвори во прекрасен лебед. Биле емитувани две сезони од ова шоу.
7. Добредојдовте во соседството
Неколку неконвенционални семејства (на пример: семејство црнци, геј двојка, сиромашно семејство итн.) треба да се доселат во ексклузивно предградие во Тексас населено исклучиво од богати белци. За време на првата епизода еден член на жирито (жител на предградието) отворено изјавил дека нема да толерира хомосексуалци во неговото соседство. Шоуто било запрено пред да дочека да се појави на екраните.
8. Г-н Личност (2003)
Концептот на ова шоу и не бил толку чуден: двајца ергени се натпреваруваат за љубовта на една натпреварувачка, при што им било забрането да разговараат за нивните професии и морале да носат маска на лицето, потпирајќи се единствено на нивната личност. Концептот ќе преживеал, ако не бил бизарниот избор на домаќин. За домаќинка на шоуто била избрана Моника Левински.
9. Човек против ѕвер (2003)
„Еј, си мислам, дали орангутаните можат да се качуваат по дрвја брзо како луѓето?“
10. Марс 1 (2024)
Бидејќи цената на едно патување до Марс во моментов достигнува до 6 милијарди долари, поголемиот дел од фондовите за Марс 1 ќе бидат покриени преку глобално телевизиско шоу кое ќе започне со избор на астронаути, и ќе продолжи со првите неколку години на живот во новиот свет.