Млада бездомничка која е бремена со близнаци спие во шатор под надвозник. Жената, која е во четвртиот месец на бременоста, и нејзиниот партнер живеат заедно во импровизирано живеалиште во близина на реката Медвеј во Мејдстон, Кент. Таму се наоѓаат веќе шест месеци и се обиделе да го направат нивниот дом колку што е можно поудобен, со килим, плишани мечиња и слики. Но, поради лошите услови за живот, тие се постојано изложени на суровото зимско време.

bd01

Волонтерот Нил Чарлик вели: „Тие се посреќни од некои бидејќи сепак имаат некаква заштита од бетонот зад нив, но се изложени откај реката. Таму се веќе долго време, но се држат еден до друг за да не паднат во некаква невојлја.“

Нил е дел од група волонтери кои секој ден им помагаат на луѓе на улицата, донесувајќи им сапун, вреќи за спиење и облека. За време на Божиќниот ден тој ќе биде на улиците со храна и топли напивки, а за една жена толку многу се загрижил, што со свои средства ѝ платил престој во хотел. Нил, кој порано и самиот бил бездомник, додава: „Се обидовме да ѝ помогнеме со шатор и други нешта, но таа минала низ некое многу травматично искуство што не се чувствува безбедно во шатор, па затоа талка низ улиците. Така е лесна цел, па сакав да ѝ помогнам да го помине Божиќ.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено