Нагрдувачка тропска болест која се појави во Сирија сега се шири низ целиот Блиски Исток, како што милиони луѓе се раселени од регионот растргнат од војни. Cutaneous leishmaniasis е паразитска кожна болест која се пренесува преку убод на инфицирани песочни мушички. Може да доведе до ужасно нагрдување со белези и лузни, бидејќи најчесто минува недијагностицирана и нелекувана.
Болеста се појави во Сирија, попрецизно во регионите под контрола на ИСИС, како Рака, Дефр ал-Зоур и Хасака. Граѓанската војна ги уништи медицинските капацитети на земјата, при што беа убиени илјадници здравствени работници, а голем број болници беа уништени. Покрај хроничниот недостаток на вода и уништувањето на зградите, ова создаде идеални услови за размножување на песочните мушички и ширење на болеста.
Претставници на курдските сили велат дека болеста предизвикана од тоа што членовите на ИСИС фрлале трупови во распаѓање на улиците. Повеќе од четири милиони Сиријци избегале од регонот, со што болеста сега се шири во соседните земји Турција, Либан и Јордан. Во периодот 2000-2012 имало само шест вакви случаи во Либан. Но, само во 2013 година биле забележани 1033 случаи, од коишто 96 отсто кај бегалците од Сирија, известува Министерството за здравство на Либан. Во Турција, Јордан, Иточна Либија и Јемен исто така биле забележани стотици случаи на заболување од болеста.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!