Општина Радовиш пред 2 дена беше зафатена со обилни дождови проследени со град. Најмногу дожд имаше во градот Радовиш, во околните места Ињево, Воиславци, населба Дамјан и Тополница.
Речното корито на река Сушица прелија, а радовишка Стара река речиси беше полна со вода, од надојдените води поплавени се голем број стамбени објекти во градот и селата, земјоделските посеви во Радовишко поле исто така се поплавени, а голем број на штета има и во индустриските капацитети. Градскиот водовод исто така претрпе големи штети од невремето, а населението во дел од градот Радовиш остана без вода.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!