Шестгодишно девојче бил посочено како пример човечност и сочувствителност откако му пристапила на бездомник облеан во солзи и му понудила помош. Кога ѝ кажал дека нема дом, таа му дала пари од својот џепарлак и му предложила да појде во Мекдоналдс да си купи храна, како што опишува нејзината мајка во објава на Фејсбук која била споделена од стотици илјади луѓе.

bz01

Мајката по име Кенјата вели дека возрасните би требало да го следат примерот на нејзината ќерка и да учат од децата кои „не разликуваат боја на кожата.“

„Едноставно ми го топли срцето“, вели таа. „Шестгодишно дете даде пример утрово. Прекрасно. Децата не прават разлика во поглед на бојата на кожата и токму така би требало да биде. Дека децата се нашата иднина не е само празна изјава, туку е факт. Тоа ми дава малку повеќе надеж за светов.“

bz02 bz03

Мајката и ќерката си оделе од продавница за козметички производи, кога ќерката Јанија го забележала човекот. Но, наместо да продолжи игнорирајќи го, Јанија ја прашала мајка си: „Го виде л човекот кој плаче? Што му е?“

Мајката одговорила дека можеби му е жешко и е жеден. Девојчето му се приближило на човекот, велејќи му: „Господине биди среќен, затоа што денот е убав и не врне. Дали ти е жешко? На земја е валкано, зошто не си одиш дома?“

bz04

Кога ѝ кажал дека нема дом, но дека ќе биде ОК, Јанија ја погледнала мајка си со тажно лице и потоа му кажала на човекот: „Значи ти си бездомник. Значи немаш храна бидејќи немаш фрижидер.“ Потоа девојчето му ги дало своите пари, и видно го орасполило човекот, а покрај тоа поттикнало и двајца други минувачи да му остават пари на човекот.

„Таа секогаш има разбирање за бездомниците, и секогаш кога ќе застанеме на црвено и ќе види некој да проси пари, ме тера да го спуштам прозорецот и да му дадам пари“, опишува мајката.

Сподели на Facebook
пати видено