ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Некои фотографии може да ве вознемират!
10 милиони кучиња се убиваат секоја година за нивното месо да биде продадено на пазарот на Јулин Донгкоу. Повеќето од кучињата се украдени домашни миленици или пак скитници. Рестораните и уличните штандови повеќе не смеат да продаваат кучешко месо. За жал истото не важи за мачките, трагично милиони мачки ќе бидат убиени за нивното месо на овој фестивал.
Забраната ќе стапи на сила од 15 Јуни, една недела пред фестивалот. Милиони беспомошни мачки ќе бидат носени на местото на фесивалот каде што ќе бидат брутално заклани.
Активистите за животни Duo Duo Проектот за благосостојба на животните и Меѓународното Хумано Општество беа известени за оваа забрана. Иако многу луѓе мислат дека се работи за традиционален фестивал, всушност фестивалот е измислен во 2010 година од страна на трговците со животни, кои што сакале да заработат повеќе пари.
Бројот на убиени кучиња за фестивалот се намалува, поради тоа што се помалку луѓе во Кина јадат кучешко месо. Кучешкото месо исто така претставува закана за јавното здравје и лекарите предупредуваат дека шират беснило и колера.
Невладините огранизации велат дека оваа забрана е привремена и не значи крај за убивањето на кучињата. Но сепак ова е чекор напред во борбата со трговците со кучиња.
Минатата година била доставена петиција од 11 милиони потписи до владата во Пекинг. Кери Фишер актерката од Војна на ѕвездите, која што почина минатата година, протестираше пред кинеската амбасада во Лондон, за да се одобри петицијата.
„Лесно е да се прекине фестивалот за кучешко месо во Јулин и да се стави крај на мачењето. Се што треба да направат кинеските власти е да го забранат фестивалот и убивањето ќе престане.“, изјавила Кери Фишер.
Протестите за забрана на кучешкото место не стивнуваат. Секојдневно активистите низ Кина протестираат за да се стави крај на овој грозоморен фестивал.