Наместо ајвар – живо мелено месо, а наместо сирење – кромид?! Би се осмелиле ли да пробате некое од овие национални јадења?
„Санди“ – Јужна Кореја. Крвав колбас. Популарна улична закуска.
Басаши – Јапонија. Живо коњско медо, се служи со ѓумбир и соја сос.
Чапулини – Мексико. Пржени скакулци со бибер и зачини.
Дуриан – Тајланд. Овошје кое според оние странци што го пробале, мириса на комбинација од лук, скапан кромид, расипана риби и канализација.
Цвајбелметвурст – Германија. Живо, свинско мелено месо со кромид, намачкано на леб.
Куи Асадо – Еквадор. Морско прасе печено на ражен.
Море јајце – Барбадос. Кавијар од морски еж, кој се јаде директно од ежот.
Гасеница Мопане – Африка. Ваквите гасеници во Африка се сметаат за деликатес и се 4 пати поскапи од обичното месо. Тие се јадат пржени или пушени.
Бељут – Филипини. Развиен ембрион на патка непосредно пред испилување од јајцето.
Ароз де кабидела – Португалија. Зајачко или пилешко месо, кое е варено во сопствената крв со додавање на ориз и оцет.
Вегемит – Австралија. Национално јадење, кое е густа и многу солена мешавина од квасец и зеленчук.
Бутод – Малезија. Ларви на инсекти, кои се јадат живи.
Керча – Алжир. Полнет овчи желудник.
Жабји батаци – Франција. Добро познатиот деликатес обично се пржи со магдонос и се служи со сос од лук. Може да се најде и во некои ресторани во Македонија.
Сирова Харинга – Холандија.
„Стогодишно јајце“ – Кина. Јајце, неколку месеци чувано во специјална саламура без воздух.
Птха – Израел. Традиционално јадење слично на нашата пифтија, кое се прави од нозете на телињата.
Фласкесвар – Данска. Пржено суво свинско месо со екстремно многу сол.
Сурстроминг – Шведска. Конзервирана кисела харинга, стара околу шест месеци, со ужасен мирис.