Автобусот Бр. 103 се движел по Јунјанг патот кога еден старец се качил во него. Човекот во неговите 70-ти години имал потешкотии додека да се качи во автобусот.

Затоа возачот на автобусот, Лианг Јанг станал од своето седиште и му подал рака на човекот да се качи, а потоа го однел до едно од празните места во автобусот.

Кога старецот требал да се симне на својата станица, Лианг му понудил да го качи на грб за да го симне од автобусот. Изнемоштениот човек прифатил, а добронамерниот возач безбедно го симнал од автобусот.

„Кога го видов старецот, помислив на мојот татко. Не размислував многу за тоа, само се надевав дека ќе ја завршам работата. Скалата на зилезот од автобусот е доста висока, човекот не би можел да излезе безбедно.“, изјавил Лианг.

Неговата добродушност била пофалена од онлајн заедницата, откако снимките од безбедносната камера во автобусот се појавиле на интернет.

Сподели на Facebook
пати видено