Дали некогаш сте ја изгубиле камерата, фотоапаратот? Ако е така, знаете колку може да биде страшно. Не само што изгубивте скапо парче технологија туку таму се и вашите скапоцени моменти. Па, што да направите за да ги зголемите вашите шанси да го добиете назад фотоапаратот.

Па, би можеле да ја фотографирате вашата визит-картичка или ливче на кој што е напишан вашиот број и да се надевате дека некој чесен граѓанин ќе ви го врати. Или, можете да сторите како што сугерира австралискиот автор Ендру Мекдоналд, и да направите многу по незаборавна и убедлива молба за враќање на апаратот. Следет ја неговата приказна со фотографии:

ЗДРАВО

Ти мора да си го пронашол мојот фотоапарат

Благодарам

Освен ако не си го украл

Но ајде да претпоставиме дека си го пронашол

Најверојатно сум го оставил на некое глупаво место

Како во воз

Или во поштата

Или во моето куче

Па, најверојатно не во моето куче

Јас дури и немам куче

(Непријатна тишина)

Како и да е ти благодарам што го најде

Ние имавме многу добри моменти заедно, мојот апарат и јас

Еднаш направивме слика од мене во бањата

Извини, не знам зошто ти го покажав тоа

Како и да е можеш ли да ми пратиш мејл на… за да можам да си го земам фотоапаратот?

Ќе ми олесни ако ми се врати

И најверојатно ќе те прегрнам од благодарност

Освен ако немаш проблеми со личен простор

Или се сеќаваш на мојата фотографија од бањата

Во тој случај ќе се поклонам грациозно од соодветна дистанца

ОК. Оди прати ми мејл сега

И јас ќе одам да го чекам пред компјутерот твојот мејл

Сподели на Facebook
пати видено