Статистичките податоци предвидуваат дека ќе има речиси 3 милијарди корисници на паметни телефони до 2020 година. Не само што овој факт е интересен од аспект на технолошкиот напредок, туку и од психолошката страна на нештата.
Ова е затоа што начинот на кој се справуваме, работиме и ги движиме нашите паметни телефони може да открие многу особини кои никогаш не сме ги очекувале. Погледнете ја сликата и одберете го начинот на кој обично ракувате со вашиот паметен телефон. Подолу ќе најдете „декодирање“ на вашиот избор.
1. Го држите со една рака.
Ако сте личност која се движи низ почетната, пишува и скрола само со една рака тогаш вие сте крајно самоуверена личност. Вие сте онаа личност која е спремна да ризикува сѐ, но го правите тоа мудро што ви помага да ја постигнете посакуваната цел.
Сепак постапувате сосема спротивно кога станува збор за врски. Сакате да имате доволно време за да сфатите дали ви треба таа личност во вашиот живот или не, пред да донесете одлука за започнување на врската. Поради ова, луѓето може да ве гледаат како изолирани и „резервирани“ лица.
2. Вие користите една рака за поддршка на телефонот и палецот од втората рака за да ракувате со екранот
Овој начин на ракување на телефонот ја покажува вашата мудрост. Вие сте интуитивни, паметни, мудри, разумни и прудентни. Ги пресметувате вашите постапки уште пред да го направите првиот чекор. Имате тенденција да размислувате за сè што се случува во вашиот живот, со што е тешко некој да ве измами.
Меѓутоа, тешко може да се наречете мудри кога станува збор за љубовта. Вие сте личност која прави брзи и невнимателни одлуки кои понекогаш може да им наштетат на односите во кои сте. Освен тоа, станувате исклучително осудувачки настроени кога станува збор за љубовта.
3. Двете раце ги користите за држење и користење на телефонот.
Користењето на двете раце за ракување со телефонот ја покажува вашата љубов кон брзината. Вие сте брзи, ефикасни и подготвени веднаш да донесувате одлуки. Можете лесно да се адаптирате во нова животна средина и да дејствувате ефикасно во нови услови.
Кога станува збор за љубовта, вашата ефикасност не функционира толку добро. Всушност, е сосема спротивно – таа исчезнува. Често не успевате да се доближите до лицето што ви се допаѓа поради агресивност, која може да го исплаши вашиот потенцијален партнер.
4. Вие користите една рака за поддршка на телефонот и показалецот од втората страна за да работите на екранот.
Овој начин на ракување со телефонот означува креативност. Имате голем број на одлични идеи кои се обидувате да ги имплементирате во животот и ќе го направите многу добро. Сакате да бидете сами за да ги сплотите сите ваши мисли заедно и да создадете уште едно ремек-дело кое ќе го зачуди светот. Дали е тоа нов проект, слика или книга, вашите дела обично имаат голем успех.
Во романтични врски, вашата креативност се претвора во срамежливост, што често ве спречува да развиете нови врски. Меѓутоа, откако некој ќе ве запознае подобро, тие дефинитивно ќе бидат зачудени од вашата личност.