Еден полицаец од Њу Џерси тврди дека неговиот шеф ветил дека ќе го унапреди доколку му дозволи да помине една ноќ со неговата сопруга па дури и со неговата малолетна ќерка.
Службеникот во полицискиот оддел Винеланд поднел тужба против началникот Руди Беу, но вели дека оттогаш никој не сторил ништо по повод прашањето.
Началникт тврди дека полицискиот службеник, кој сакал да остане анонимен, го тужи од одмазда. Полицаецот раскажува дека тој заедно со сопругата и неколку пријатели биле во бар и гледале спортски натпревар, а таму бил и началникот Руди. Тој тврди дека началникот му кажал дека ќе го унапреди доколку таа вечер си замине дома со неговата сопруга.
Полицаецот вели дека Руди и уште еден полицаец од висок ранг ја прашале неговата сопруга какви предности и средства има тој кои би му помогнале да биде унапреден. Во тој момент се вели дека Руди покажал со раката нагоре-надолу по телото на сопругата на полицаецот. „Таа се почувствува многу непријатно и си замина.“, вели полицаецот.
Неколку дена подоцна Руди направил сличен коментар и му кажал дека ќе го унапреди со „услугата“ иако друг полицаец требало да го преземе унапредувањето. По неколку недели полицаецот повторно се нашол во канцеларијата на началникот и му кажал дека не е фер да се нуди унапредување доколку нема слободна позиција.
„Токму кога сакав да си излезам ми рече: ‘Па ако можам да ја имам твојата сопруга’ Додека излегував од канцеларијата рече ‘А зошто да не и твојата ќерка?’ и почна да се смее.“, вели полицаецот. Неговиот син, тинејџер и неговата ќерка, која во тој момент имала 12 години го чекале во автомобилот паркиран пред станицата.
Началникот го следел полицаецот и дошол до возилото и им кажал на неговите деца дека ќе го унапреди нивниот татко. Истрагата сепак продолжува затоа што надлежните органи велат дека има „две страни од секоја приказна“.