Тони Карлсон е полицаец во полицискиот оддел на градот Талахаси, Флорида. Тој еден ден застанал на бензинска пумпа и забележал маж кој што чудно се однесувал. Непознатиот маж имал брич во раката, а Тони се изненадил од неговата приказна.
Човекот се претставил како Фил, тој му кажал дека е бездомник и дека се обидува да си го поправи бричот за да може „среден“ да оди на интервју за работа.
Полицаецот Тони го погледнал бричот и забележал дека имал слаби завртки, бидејќи Фил го купил на старо. Тој се обидел да го корегира, но се појавил нов проблем. Фил немал огледало и не можел да види каде и како се бричи. Наместо да си замине Тони решил да му помогне на човекот. Тој го земал бричот и почнал да го бричи Фил.
Тони не знаел дека го снимаат и вели дека ваквите дела се негова должност: „Полицајците од други оддели, шерифи, во други градови, сите правиме вакви работи, едноставно сега се случило да биде забележано од некој. Тоа ја покажува реалноста на она што всушност го правиме.“ Тој вели дека човекот бил пресреќен за помошта од Тони, па дури и му предложил да „стане бербер“.
Карлсон вели дека се надева дека другите што ќе го видат ова видео ќе размислат следниот пат кога ќе имаат можност да направат нешто за некој друг, и да бидат мотивирани од тоа да пружат помош. Од Мекдоналдс немаат дадено официјална информација дали го примиле Фил на работа.