Слепо девојче на коешто ѝ било забрането да го употребува својот бел стап бидејќи со него можела да ги сопнува учителите ќе мора оди во друго училиште, откако била присилена да го напушти училиштето како резултат на онлајн кампања спроведена од страна на родителите.

На седумгодишната Лили Грејс Хупер од Основното училиште Хамбрук во Бристол ѝ било кажано дека нема да може да го донесе својот стап со себе, бидејќи истиот претставувал ризик по безбедноста и здравјето на другите деца и персоналот.

lg01

Но, откако службата за безбедност и здравје при работата го отфрлила ова тврдење како глупост, не успеале обидите за помирување помеѓу училиштето и Кристи, мајката на Лили-Грејс, и сега таа ќе мора да се префрли во друго училиште. Г-ѓа Хупер вели дека тие морале да се префрлат во друго училиште по кампањата на социјалните медиуми во која родителите постирале слики со нивните деца насмеани на училиште, употребувајќи го хаштагот #happyathambrook (среќни во Хамбрук). Повеќе луѓе споделиле слики со нивните деца на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, наведувајќи ја 38-годишната мајка на три деца на мислата дека Лили-Грејс „повеќе не е добредојдена во Хамбрук“.

lg02

Г-ѓа Хупер, којашто во истото училиште со години била надзорник во мензата, изјавила: „Толку многу членови на персоналот и родители за коишто мислев дека ми се пријатели ги објавија овие постови во одбрана на училиштето. Мислам дека тие не ја разбираат поентата. Овде се работи за мало дете коешто е ранливо. Се работи за тоа таа да може да го употребува својот стап кој ѝ дава независност. Запрепастена сум од фактот дека толку многу луѓе не можат да го видат тоа. Тоа е главната причина поради којашто ја носам Лили-Грејс во друго училиште. Многу сум разочарана. Моите постари синови одеа во Хамбрук и многу го сакаа училиштето. Работев таму додека бев бремена со Лили-Грејс. Никогаш не сум кажала дека тоа е лошо училиште. Едноставно тоа беше лоша одлука.“ Лили-Грејс нема да се врати во своето училиште, туку во јануари ќе почне да посетува друго основно училиште, коешто се понудило да ја прифати. Адвокатите ја советувале нејзината мајка да побара извинување од Хамбрук.

lg03

Девојчето претрпело удар кога било старо само четири дена – со што го изгубило својот тродимензионален вид, станувајќи слепа на десното око, а на левото можејќи да гледа само светлост и бои. На почетокот на оваа година добротворна организација ѝ подарила стап за слепи од фиберглас откако таа почнала да употребува картонски цевки за да може да си стигне дома. Но, од училиштето рекле дека стапот претставува висок ризик за другите по направена проценка за безбедноста. На Лили-Грејс ѝ било кажано дека не смее да го употребува стапот и наместо тоа треба да има постојан надзор од возрасни – и дека мора да „оди внимателно“.

lg04

Ова решение на училиште и службата за поддршка на хендикепирани лица којашто прави проценки за училиштата ја разбеснило г-ѓа Хупер, којашто ситуацијата ја коментирала со зборовите „здравството и безбедноста полуделе“.

„Таа никогаш немала проблеми со било кој од останатите ученици и никој од родителите не се пожали на тоа – всушност, сите тие изразија голема поддршка. Не разбирам од каде му е ова на училиштето. Лили-Грејс многу бргу се навикна на стапот, и тој ѝ е потребен додека се враќа дома, додека се шета на игралиштето и едноставно да се снаоѓа на училиште. Апсолутно дека сум гневна. А што е со здравјето и безбедноста на моето девојче? Ми се допаѓа училиштето, тоа е добро училиште, но ова е навистина многу лош совет“, вели разочараната мајка.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено