Замислете си свет кадешто загадувањето не претставува никаков проблем, градовите се чисти, здрави животни средини, и никаков отпад не го загрозува живиот свет ниту ги загадува океаните. Во Шведска тоа речиси е реалност, а сепак тоа претставува парадоксален проблем за оваа земја со традиција на рециклирање која се потпира врз отпадот при произвоодство на топлина и електрична енергија за илјадници домаќинства.

На скандинавската нација од повеќе 9.5 милиони граѓани ѝ снемува ѓубре; иако ова може да се смета за позитивна работа – просто да ѝ позавидите на оваа земја – Шведска е исправена пред сериозна дилема. Земјата сега ќе мора да увезува отпад од други земји за да ја продолжи својата програма на рециклирање. Норвешка ѝ излегува во пресрет и испорачува 80.000 тони отпад кои на соседната земја ќе ѝ овозможат да се снабди со материјал за рециклирање. Со согорувањето на увезениот отпад добиваат електрична енергија и топлина, а пепелта ѝ ја извезуваат во Норвешка за да се депонира.

sweden_garbage

Катарина Осланд, постар советник во Шведката агенција за заштита на природата вели дека Норвешка можеби нема да е совршениот партнер за оваа, сугерира дека Норвеешка можеби не е совршениот партнер за увоз-извоз на ѓубре. „Се надевам дека наместо од Норвешка, ќе можеме да увезуваме отпад од Италија, Романија или Бугарија, или пак балтичките земји, бидејќи во овие земји има многу депонии. Тие немаат погони за согорување и рециклирање, па тие мораат да најдат решение за нивниот отпад.“

Прекрасните навики на шведскиот народ можат да послужат како пример за земјите затрупани во ѓубре.

Сподели на Facebook
пати видено