Како би се почувствувале вие кога пред самото полетување од прозорецот на авионот во кој се наоѓате забележите како работник вака го поправа авионот?
Токму тоа го забележал Адам Вуд и веднаш го постирал на Твитер, и во тој момент воопшто не бил опуштен. „Секогаш е загрижувачки кога авион се лепи со селотејп“, напишал тој на Твитер.
Сепак, на крај се испоставило дека не се работело за обична селотејп лента, туку за специјална алуминиумска лента која е отпорна на воздушен притисок, промени на температурата, влага и ултравиолетово зрачење. Една ролна ваква лента може да чини од 30 до 500 долари.