Човек оди по улица и запира такси. Се качува и возачот му вели:
– Во идеалниот момент ме запре! Исто како Петар!
Патникот:
– Кој?
Таксистот:
– Петар Петров. Тоа е еден човек кој можеше се, во секое време, во секакви околности. На пример – кога ќе му притребаше такси се вака се случуваше.
Патникот:
– Можно е, но сепак нема идеални луѓе.
Возачот:
– О, не! Овој Петар беше неверојатен спортист! Во тенис можеше да победи секого! Скијаше како Алберто Томба! А како пееше! Да не зборувам пак како танцуваше. Неверојатен човек со два збора!
Патникот:
– Звучи неверојатно!
Возачот:
– Има и уште. Меморијата му е како компјутер. На сите им ги памти родендените. Знае сѐ за виното, кое како правилно да се направи. Како свиреше на гитара само! А колку песни знаеше. Неверојатно!
Патникот:
– Да, звучи неверојатно. Како се запознавте со него?
Возачот:
– Всушност, јас никогаш не сум го видел, тој умрел, а јас будала, се оженив за жена му…