Што е многу, многу е! Парижаните ја уништија озлогласената скулптура неодамна подигната во центарот на Париз, која предизвика многу контроверзи бидејќи наликувал на џиновска секс играчка.

Скулптурата невино наречена „Дрво“ е креација на американскиот уметник Пол Меккарти. 25 – метарската статуа на надувување била предвидена да служи како Новогодишна елка. Многу парижани изјавиле дека скулптурата го понижува нивниот главен град и се чуделе зошто градските власти не превземат мерки.

Мерки и биле превземени, но не од градските власти, туку од група граѓани кои ја прескокнале металната ограда и со ножови ја расекле скулптурата правејќи од неа куп безлична пластика. Иако ова се оценува како вандалски чин, на повеќето Парижани и туристи им е мило што ја нема. Марџори Клајн, 55-годишна посетителка која се нашла на местото кажала:

„Со малку среќа, ова ќе биде исчистено и фрелно на буниште. Навистина беше одвратно дело – и јасно е дека беше уништено бидејќи наликуваше на џиновска секс играчка, а Парижаните не сакаат џиновска секс играчка среде еден од нивните најубави плоштади.“

va-2

Авторот на скулптурата, американскиот уметник Пол Меккарти:

va-4va-3

va-5

va-1

Сподели на Facebook
пати видено