Долгите летови можат да бидат здодевни, дури и за самите пилоти. Неодамна еден квалификуван пилот од Аделаида, Австралија, го тестирал новиот мотор на авион со еден пропелер, а патувањето станало толку досадно, што тој одлучил да ги открие неговите вистински чувства за сите што гледале.
Додека авионот се доближувал до Порт Бротон, северозападно од Аделаида во Јужна Австралија, тој ги напишал зборовите: „Здодевно ми е“ (I’m bored) на неговиот уред за следење, и очигледно, не само тоа.
По поблиска проверка, белешката откри нешто малку подрско- два мали симболи во форма на пенис стоеле гордо под зборовите. За жал, фразата, за која биле потребни десетици километри за да се напише не била видлива од земјата, само на уредот за следење.
Пајн Пиенар директорот на центарот за обучување на пилоти не ги „осудил“ постапките на пилотот. Според него „очигледно му станало досадно“. „Млади инструктори, што да се прави?“, изјавил Пајн. Луѓето освен што се смее на пораката на пилотот исто така го пофалиле за неговите вештини.