Пензионерка од Кина родила машко дете на возраст од шеесет и една година. Бебето тежи 2930 грама и било родено во триесет и деветтата недела од бременоста со помош на царски рез. Мајката Жанг решила да се обиде да роди уште еднаш откако нејзиното единствено дете се разболело и умрело, по што таа останала со скршено срце.

Ќерката на Жанг починала на возраст од триесет години. Пензионерката долго време сакала ново дете и нејзиниот шеесет и шестгодишен сопруг ја поддржувал во тоа. Откако побарале совет во повеќе болници, Жанг успешно зачнала преку вештачко оплодување. Со оглед на нејзината поодмината возраст, бременоста била вистински предизвик. Таа двапати била хоспитализирана поради крварење, првиот пат во 28. недела од бременоста, а вториот во 33. недела. Покрај тоа, таа чувствувала и проблеми со срцето, белите дробови и бубрезите. Сега таа закрепнува од породувањето и е во стабилна состојба.

Оваа вест доаѓа две недели откако една стара жена од Индија по име Далџиндер Каур родила дете на возраст од седумдесет години.

жн01 жн02 жн03

Сподели на Facebook
пати видено