На жена од Аризона, САД, ѝ била потребна „хируршка интервенција“ за да ѝ го извадат криумчарениот хероин од нејзината вагина, како што известуваат локалните медиуми.
Полицајците од областа Јавапаи запреле автомобил во кој се возеле 29-годишниот Мајкл Торес, осуденик на условна казна затвор од Ново Мексико кој управувал со возилото, и 19-годишните Миранда Балдонадо и Сара Валенсија.
Полицајците се посомневале и по прегледот нашле половина килограм хероин во багажникот, а покрај тоа дамите скриле дрога и во нивните „интимни делови“, како што изјавил претставник на полицијата.
Валенсија успеала да го извади хероинот од нејзината вагина без поголеми проблеми, но за Балдонадо била потребна хируршка интервенција.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!