Студентка која завршила во кома по ужасна сообраќајна несреќа е наречена „чудо на две нозе“ откако успеала да мрдне со прст на ногата на само неколку мига пред докторите да ја исклучат од машината за одржување во живот. Сем Хеминг претрпела тешки повреди на главата кога автомобилот во кој патувала заедно со нејзиното момче се превртел на патот – по што мозокот ѝ откажал и „немало никаква надеж за закрепнување.“

cm01 cm02

Ударот при несреќата предизвикал нејзината глава да излезе преку предното стакло, при што ѝ било откинато едното уво и ѝ биле скршени четири коски во вратот. Но, и покрај тешките повреди, 22-годишната дипломка ги оспорила предвидувањата на докторите и успеала да се избори и да се врати од самиот раб на смртта. Сем била донесена во болница со помош на хеликоптер, по што хирурзите ѝ извршиле шестчасовна напорна операција, за на крај да ја стават во медицинска кома. Деветнаесет дена подоцна, тие ги посоветувале нејзините скршени родители да се подготват за најлошото и да ја исклучат од машината за одржување на живот, откако ѝ било утврдено откажување на мозокот.

cm07 cm09

Нејзината мајка Керол снимила срцепарателна фотографија како се збогува со својата ќерка крај нејзиниот болнички кревет. Керол вели дека нејзината ќерка буквално се вратила од мртвите, додавајќи: „Таа ги претрпе најлошите повреди што некој може да ги здобие во сообраќајна несреќа. Се собравме во нејзината соба да се збогуваме. Тие ја исклучија машината и јас вреснав.“

cm10

Но, на запрепастување на сите, Сем мрднала со ножниот палец, и докторите ја задржале во контролирана кома. Но, уште поголемо чудо е тоа што по осум недели таа закрепнала доволно добро за да се врати во својот дом во Криденхил, Велика Британија, каде што сега живее со својата мајка Керол и таткото Џејсон.

Сподели на Facebook
пати видено