Тринаесетгодишниот Махендра Ахирвар бил изолиран во своето село во Индија поради реткото нарушување наречено конгенијална миопатија, поради кое мускулите на вратот му се толку слаби што главата му висела под агол од 180 степени. Неговите родители Мукеш Ахирвар и Сумитра Ахирвар потрошиле години водејќи го на доктори, но никој не можел да му помогне.

Но, сега тинејџерот бил подложен на операција која му го промени животот, и тоа благодарение на една хумана жена од Лондон, по име Џули Џонс, којашто отворила фонд и успеала да собере 15600 евра колку што биле потребни за операцијата. Хируршката интервенција ја извел д-р Раџагопалан Кришнан, од болницата Аполо во Делхи. Средствата биле собрани за само дваесет и осум дена. Убаво е кога луѓето се хумани и се решаваат да помогнат на човек кој дури не го ни познаваат. Тоа дава надеж за иднината на човештвото.

dt01 dt02 dt04 dt05 dt06 dt08 дt03

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено