Зара Холанд ѝ рече збогум на титулата „Мис Велика Британија“, но ѝ се отворија вратите од една друга индустрија :). Минатогодишната мисица учествуваше во реалното шоу „Остров на љубовта“ и помина една жешка ноќ пред камера со 24-годишниот Алекс Боуен. Иако главната акција се одвиваше под чаршав, сепак не беше тешко да се претпостави што прават. Така, организаторите на изборот за мис, разочарани од постапката, решија да и ја одземат титулата.