Тед Пелки од Вестфорд водел правна битка околу дозволата за градење со Изборниот одбор на Вестфорд и Одборот за разгледување на развојот, веќе 10 години.
Тој сакал да изгради штаб за неговата фирма за поправка и рециклирање на камиони, која моментално се наоѓа во друг град.
Кога градските власти го блокирале овој потег и не му дозволиле на Тед да ја изгради гаражата, тој потрошил 4.000 долари за да направи џиновска рака, која покажува среден прст, во „чест на властите“. Скулптурата која тежи над 300 килограми и е висока 5 метри може да се види од сите жители на малото место, а во вечерните часови е осветлена за да се гледа подобро.
Тед вели: „Ако не сакате да ја гледате гаражата, гледајте во ова. Овие луѓе ме натераа да поминам низ пеколот, а тоа не е во ред. Многу лошо се однесуваа со мене.“ Скулптурата е целосно легална и влегува во законот под слобода на изразување и јавна уметност.
Изреволтираниот граѓанин вели дека тој пред да ја постави им посочин на соседите дека не е за нив, туку е специјално наменета за властите.