Геофизичари од универзитетот на Аризона утврдиле дека наслагите од силициум диоксид, откриени од роверот „Спирит“ се слични со истото такво соединение кое се формирало во гејзерското поле Ел Татио во Чиле. Со оглед на тоа што на Земјата овие геолошки структири се формирале како резултат на дејствувањето на живи организми, научниците сметаат дека успеале да најдат докази за постоење на живот на Црвената планета.
Наслагите од силициум диоксид на Марс биле најдени во 2007 година, во реонот познат како „Домашно плато“ во кратерот Гусев. Резултатите од истражувањата покажале дека во минатото тој кратер бил полн со вода. Според мислењето на научниците, наслагите можеби се образувале како резултат на присуството на микроорганизми кои живееле блиску до хидротермални извори. Уште повеќе, научниците претпоставуваат дека самите наслаги се можеби строматолити – остатоци од микроорганизми.
Геофизичарите се на мнение дека во рамките на идни вселенски мисии истражувањата на Домашното плато треба да бидат продолжени, независно од интересот на НАСА кон истражување на нови територии.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.