Група НЛО ентузијасти се убедени дека НАСА прикрива остатоци – докази за древна цивилизација на Марс. Во надеж да ја поткрепат својата чудна теорија, тие забележале нешто што веруваат дека би можело да биде сѐ, од воени бункери до гробници на црвената планета. Таков е случајот и со последната снимка направена од роверот Опортјунити, за која тврдат дека на неа се гледа купола „направена од човечка рака“, некаде во далечното минато на Марс, кога на планетата имало вода.
Тие тврдат дека одблесокот на средината на куполата е доказ дека таа можеби е метална и ја одбива сончевата светлина.
„Што ако гледаме во очигледен доказ кој докажува дека црвената планета во далечното минато било населено од суштества кои се развиле и распространиле на црвената планета на ист начин како што луѓето тоа го сториле на Земјата?“ – пишуваат тие. „Иако тоа може и да е некаков вид на природна карпеста формација, тоа би било крајно чудно. Едноставно не можеме да го отпишеме фактот дека можеби гледаме во остатоци од вонземјанска структура на Марс.“
Некои велат дека можеби има и трето објаснување. Имено, тие тврдат дека НАСА развива тајна вселенска програма и вселенска флотила којашто дејствува во вселената. Официјалното објаснување, од друга страна, е дека овие формации се резултат на древни ерупции кои формирале кратери и испакнатини.
Во минатото, наводно била забележана и пирамида како познатите пирамиди во Египет, како и формации кои наликуваат на човечки лица.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.