Калифорнија се наоѓа во четвртата година на најлошата суша во нејзината историја, но богатите и славни жители на Лос Анџелес држат чекор со Кардашијанови кога станува збор за нивното непотребно луксузирање. Обичните жители на Калифорнија ги празнат своите базени, се тушираат поретко и допуштаат нивните тревници да станат кафеави откако експертите проценија дека во државните извори за вода кон крајот на 2015 ќе остане вода за пиење само колку за една година.
Но за жителите на богатите енклави во Лос Анџелес, казната за непотребно трошење вода во износ од 100 долари не претставува ништо и радо ја плаќаат за да можат да ја одржат флуоресцентно зелената боја на нивните тревници.
Фотографото Џон Чејпл неодамна се качил во хеликоптер за да ги фотографира овие приватни оази Кардашијан, Канје Вест, Џенифер Лопез, Џулија Робертс, Петра Стант и др. имал што да види. „Цвеќињата и живите огради на Кардашијан ви се веднаш пред носот“ изјавува сосед на Кардашијан за Њујорк Пост. „Кога минувате крај нив просто ја чувствувате свежината. Одвратно!“
Риалити ѕвездата претходно тврдела дека поради сушата почнала да си ја мие косата само еднаш на секои пет дена, „што можеби е малку претерано“, како што додала. Со оглед на тоа дека казната од 100 долари не им значи многу на богаташите, гувернерот Браун ветил дека ќе спроведе нова легислатива со што казната ќе се зголеми на 10.000 долари, иако сега за сега ништо од тоа.