Флота од единаесет бродови на духови на кои имало останки во распаѓање на мртвите морнари била исфрлена на јапонскиот брег, што беше повод за поопсежна истрага во земјата. Мистериозните бродови поттикнаа бројни теории на заговор, додека властите се трудат да ги откријат идентитетите на телата, коишто се во поодмината фаза на распаѓање.

Четири од бродовите биле исфрлени во почетокот на ноември, а уште седум биле забележани како пловат бесцелно во Јапонското Море. Најнеодамна најдениот бил забележан во вторник, на брегот во Фукуи, на околу 400 километри оддалеченост од Токио.

br01

Невозможно е да се идентификуваат телата и властите немаат поим од каде би можеле да бидат. Единствените показатели од каде би можеле да бидат бродовите се материјалните остатоци коишто се чини дека се од знаме на Северна Кореја, и натписот на еден од бродовите на кој како да пишува „Корејска Народна Армија“. Некои веруваат дека пловилата се рибарски бродови од Северна Кореја, со оглед на тоа дека земјата се обидува да ја развие рибарската индустрија. Но, недостатокот на современа опрема како GPS уреди, довело до тоа бродовите да исчезнат.

br02

Други веруваат дека морнарите можеби се Севернокорејци коишто се обиделе да избегаат од угнетувачката власт на корејскиот водач Ким Јонг Ун. Од крајбрежната стража на Јапонија велат дека екипажите можеби со месеци скитале по морето, без никој од нив да знае каде се наоѓа. Примитивниот дизајн на бродовите сугерира дека тие не биле направени на запад. Се верува дека нивното појавување сега се должи на неодамнешните бури коишто ги исфрлиле кон брегот.

br03 br04 br05 br06 br07

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено