Бурманските питони како инванзивен вид змии во Флорида им создаваат големи проблеми на автохтоните животни кои живеат на подрачјето на националниот парк Еверглејдс. Сѐ почнало во 1992 година кога тој регион беше погоден од ураганот Ендрју кој меѓу другото уништи неколку фарми со питони на кои змиите биле одгледувани за подоцна да станат домашни миленичиња. И така, наместо како миленичиња во нечии домови, тие завршиле во мочуриштата околу паркот. Покрај тоа, и самите сопственици на кои им здодеале нивните миленичиња влекачи го влошиле проблемот пуштајќи големите змии во природа.
Со оглед на тоа што станува збор за вид кој практично нема природен непријател, питоните толку се намножиле што почнале сериозно да ги загрозуваат автохтоните животински видови на кои им се заканува изумирање.
И така веќе загрижените чувари и еколози, најновото откритие кое го нашле во огромната змија од четири метри и 47,6 килограми уште повеќе ги шокирало. Иако се знае дека бурманските питони со таа големина можат да голтнат елен, никој ниту видел ниту претпоставувал дека најдената змија во Еверглејд во себе има дури три елени. Експертите сметаат дека змијата ги изела елените поединечно во текот на период од 90 дена.
„Тоа временско растојание на некого може да му се чини доволно долго, но всушност е многу необично една змија во толку релативно кратко време да изеде три толку големи оброци“, изјавил Скот Бобак, професор по биологија на факултетот Дикинсон.
„Ако знаеме дека питонот е способен да изеде три елени во три месеци, се прашувам што сѐ и колку може да изеде, а ние тоа да не го знаеме“, загрижено вели тој.
Ова е загрижувачко особено со оглед на фактот што не се ни знае колку бурмански питони има на подрачјето на Еверглејдс. Грубите проценки се движат од 100 до 300 илјади змии!
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!