Една мајка од Велика Британија, која на своите деца им дозволувала да спијат во нејзиниот кревет, ќе остане без старателство над нив. Социјалните работници пвеќе пати ја предупредувале да не спие во ист кревет со своите два сина, и двајцата помлади од четири години, бидејќи не сакајќи би можела да ги повреди, со оглед на тоа што и кај двајцата биле забележани модринки по телото.
Бидејќи не ги послушала, била покрената тужба, а судијата Питер Грин изјавил дека кај момчето кое сега наполнило четири години била воочена модринка на ногата кога имал неколку месеци и која веројатно насталана случајно поради „грубо однесување на родителот“.
Тој додава дека иако има докази дека и двајцата родители си ги сакаат своите деца и дека не би им наштетиле намерно, „мајката постапува како таа секогаш да знае најдобро.“
Социјалните работници тврдат дека мајката го игнорирала нивниот совет децата да не спијат со неа и дека ги одбивала сите препораки во врска со хранењето на децата. Судијата Грин заклучил дека давањето на децата на посвојување е единственото можно решение.