На брегот на Данска има една мистериозна дупка, веднаш до градот Аархус. Уште почудно е што оваа квадратна шахта поркиена со стакло и која се протега до темните длабочини на Земјата, не е обложена со песок или камења, туку со книги. Наликува на мала подземна библиотека, сосема недостапна од површината на земјата, а зборовите во книгите се заклучени во тајност.
Книгите можат да се видат, но тие се поставени така што не можете да ги прочитате нивните наслови.
Стаклото ја заштитува оваа невообичаена скулптура од временските услови и од рацете на љубопитните.
Скулптурата е дело на Сузана Хеселберг, уметник од Шведска чијашто уметност, главно фотографска, ја истражува природата, луѓето и врските помеѓу нив. Понекогаш, вели таа, концептот подобро се изразува преку скулптура отколку преку фотографија. Ова се чини како чудна скулптура и првичната реакција на секого е чудење и смеа. Но, кога ќе го чуете заглавјето на делото, делува отрезнително и додава друга, подлабока димензија на целиот концепт.
Делото е наречено „Кога почина татко ми, како да изгоре цела библиотека“, истакнувајќи дека со загубата на човечко суштество, засекогаш се губи и огромно знаеење.
За делото се употребени близу 3000 книги, сите внимателно одбрани, наредени и залепени заедно, а потоа вметнати во почвата.