Прадедото кој со својата сопруга бил во брак 91 година од 1925 година умрел на 110-годишна возраст. Карам Чанд од Бредфорд, Западен Јоркшир, умрел од природна смрт во вторник минатата недела, шест недели пред неговиот 111-ти роденден. Минатата година тој и неговата жена Катари, која има 103 години, ја прославиле својата 90-та годишнина од бракот.

in01

Тие се венчале со традиционална сикхиска церемонија во 1925 година, откако како тинејџери се запознале во Индија. Тврделе дека нивниот брак е светски рекорд, иако тоа никогаш не било официјално признаено од Гинисовата книга на рекорди. Нивниот син Пол вели дека смртта на неговиот татко се случила неочекувано.

in02

„Тој не беше тешко болен, или нешто слично. Едноставно го одведовме во болница и за жал, тој почина. Веќе бевме почнале да планираме за неговиот роденден до кој имаше само уште неколку недели. Тоа е многу тажно, но едноставно сите мораме да се справиме со тоа што се случи и да се сосредоточиме на грижата за мајка ми.“

in03

Чанд се родил во 1905, а во Бредфорд, Англија, дошол во 1965 година да работи во погоните за производство на волна. Тој дури неодамна се откажал од својата навика да испуши една цигара дневно, но сѐ уште повремено пиел виски. Имал осум деца, 27 внуци и 23 правнуци.

Сподели на Facebook
пати видено