Водата покрива 70 отсто од површината на Земјата, но исто така има огромно количество вода и во внатрешноста на нашата планета. Две нови студии сугерираат дека можеби има огрони количества вода на 1000 километри под површината на Земјата. Без таа вода ќе престане геодинамичката активност која предизвикува појава на вулкани, кои се значајни за создавање почва и одржување на животот на плнатета.
Во првата научна статија, истражувачи од државниот универзитет на Флорида и Единбуршкиот универзитет проценуваат дека водата се наоѓа подлабоко во Земјата отколку што порано се мислело, и е складирана во минерал наречен бруцит. Иако не се знае точно за колкаво количество се работи, истражувачите проценуваат дека би можело да станува збор за 1,5 отсто од тежината на планетата – истото количество вода кое го имаат сите океани заедно.
По паралелно истражување, истражувачи од Северозападниот универзитет во Илиноис сугерираат дека водата се наоѓа уште подлабоко, на третина од растојанието од површината до работ на Земјиното јадро. Истражувачите нашле дијамант кој бил ифрлен пред 90 милиони години од вулкан во Бразил. Дијамантот имал несовршеност, содржејќи минерали заробени во него при неговото оформување. Кога истражувачите погледнале под микроскоп, нашле присуство на јони на хидроксил – кои вообичаено доаѓаат од водата. Природата на имперфекцијата сугерира дека дијамантот се формирал во понискиот слој на Земјината кора.
„Ова е уште поцврст доказ за кружењето на водата на нашата планета на уште подлабоки нивоа отколку што порано сме мислеле“, вели Стив Џејкобсен, научникот кој го предводел истражувањето.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.