Нашите зеници се шират кога слушаме музика којашто има голем емоционален ефект врз нас, откриваат истражувачите. Тие велат дека степенот на проширување открива колку таа музика нѐ допира. Исто така, даа може да ни помогне да зачуваме повеќе информации, доколку ги слушаме нашите „среќни песни“ кога учиме.

m01

Два универзитети во Австрија, Виенскиот универзитет и универзитетот на Инсбрук, извршиле истражување за да го анализираат ефектот кој музиката го има врз зениците на слушателот. Истражувачите, предводени од Бруно Гинграс употребиле специјален уред за да ја измерат реакцијата на окото на испитаниците при пуштањето на кратки музички извадоци.

m02

Резултатите покажале дека емоционалната содржина на музиката, како и личната приврзаност на слушателот кон неа. Кај испитаниците кај коишто музиката игра значајна улога во животот било забележано поголемо ширење, отколку кај учесниците кај кои тоа не е така. При истражувањето биле земени предвид повеќе жанрови на музика, како и стилови на живот на испитаниците.

„Но, како и да е“, истакнува Бруно Гинграс, „нашите истражувања јасно покажуваат дека мерењето на зениците е начин кој ветува при испитувањето на емотивните реакции на музиката. Уште повеќе, бидејќи реакцијата на зениците не може свесно да се контролира, тие овозможуваат директен пристап до потсвесните процеси на слушателите како реакција на музиката која ја слушаат.“

Друг процес врз кој се покажало дека музиката влијае е учењето. Многу студенти известуваат дека музиката им помага полесно да помнат додека учат. Слушањето на музика при учење или при извршувањето на работни задачи, бидејќи го подобрува вниманието, способноста за помнење и мислење, а исто така ја намалува депресијата и вознемиреноста. Ова во науката е познато под називот „Моцартов ефект“.

m03

Од друга страна, д-р Ник Перхам, предавач во Училиштето за Здравствени Науки при Универзитетот на Велс, спровел истражување во врска со тоа на кој начин музиката може да влијае врз потенцијалот за кратка меморија.

„Откривме дека слушањето на допадлива или недопадлива музика имаат ист ефект, и во двата случаи е полошо отколку во тивка состојба. И двете штетат на изведбата на задачи со присетување. Слушањето музика може да ги намали нашите когнитивни способности во вакви ситуации, бидејќи кога се обидувате да запомните нешта во некој редослед, можете да бидете исфрлени од колосек или збунети од разни зборови и ноти во песната која свири во заднина“, теоретизира Перхам.

Сподели на Facebook
пати видено