Колекционерите на музички инструменти вообичаено ги посакуваат најретките и уникатни инструменти коишто можат да се најдат. На оваа листа има токму такви, но со еден поинаков пристап. И овие инструменти се исто така многу ретки и скапи како и некој стар Gibson Les Paul ’59. Но, тоа што ги прави ретки и уникатни е необичниот материјал од кој се направени.

Стари CD-a

in01

Сајмон Ли ја направил оваа електрична гитара од стари пиратски CD-a, конфискувани од инспекторите на Trading Standards.

Лего коцки

in02

Омилената детска играчка може да се претвори во омилена играчка за возрасни.

Производи од прехранбената индустрија

in03

Уште една гитара од Сајмон Ли, овојпат направена од пластика од пакувања на прехранбени производи.

Рециклирани материјали

in04

Во Парагвај има еден оркестар кој се нарекува „Landfill Harmonic Orchestrа“. Тие се гордеат со тоа што свират исклучиво на инструменти направени од рециклирани материјали.

Пушки

in05

Оваа гитара направена од оружје била употребена (иронично) како симбол на мирот.

Злато

in06

Ако имате тон пари и сакате да ги потрошите на гитара од чисто злато, можете да го направите и тоа. Оваа гитара е позната како Goldcaster – Телекастер направен од злато. Којзнае каков ѝ е сустејнот.

Стакло

in07

Ова е единствената функционална гитара во светот целата направена од стакло.

Индустриски отпад

in08

Гитара-сон за секој панкер.

Стапчиња од сладолед

in09

Оваа акустична гитара е во целост направена од стапчиња од сладолед.

Разни рециклирани материјали

in10

Бери Фолкнер копа по депониите во потрага по иновативни материјали за изработување на музички инструменти.

Обоено стакло

in11

Оваа витраж гитара не е функционална. Но е интересен украс.

Ковчези

in12

Ким Некромен од бендот Некроматикс самиот си направил бас употребувајќи мртовечки ковчег.

Сподели на Facebook
пати видено