Да се живее во Загреб во средниот век не било лесно. Особено за жените. Доволно било да имаат младеж на телото, за да бидат обвинети дека се вештерки. Јавни понижувања и мачења биле извршувани на неколку места во градот, а мапата и реплики на направите за измачување се поставени во музејот на тортурата – Тортуреум.

музе_ влез

Музејот е замислен како потсетник на историјата на човештвото во која насилството се раѓа од стравот од непознатото и различното. Зад црните завеси на влезот се наоѓаат темни соби. Похрабрите можат да влезат во посебна самица – мала, темна и студена просторија, а амбиентот го надополнуваат мрачна музика и видео проекции. Во собите се распоредени околу 70 експонати, реплики изработувани според зачувани нацрти, записи и усни преданија. Предметите за мачење се употребувале многу одамна, а повеќето од нив се поврзувани со средниот век и инквизицијата. Ова е дел од изложената колекција:

Маска на срамот

Маската на срамот, како средство за контрола и казнување на недолично однесување се употребувала во средниот век. Целта и била јавно понижување на осудениот и со изгледот јасно покажувала на сторениот грев. Маските што имале нагласен јазик и големи уши биле наменети за жените осудени поради озборување и прислушување, додека мажите носеле маска со свински нос или пак целата била како свинска глава, што значело дека осудениот се однесувал “како свиња”. Конструкцијата на маската не дозволувала да се отвора устата, а поради тоа што биле железни, нанесувале сериозни повреди на лицето и главата.

маска на срамот

Стол за мачење

Столот за мачење бил дрвен, со окови, наслони за глава, раце и нозе. По целата површина се вградени шилци (метални или дрвени). Осудениот бил седнуван на столот, а болката дополнително се зголемувала со оковите за раце и нозе, на кои исто така имало шилци. Овој вид на мачење најчесто не бил смртоносен.

стол за маче_е

Оков за врат

Осудениот во оковот морал постојано да ја држи главата исправено, што било невозможно. Оковите биле дрвени или метални и го спречувале осудениот да ја намести главата во комотна позиција. Тој што ја носел со денови не можел да легне, да јаде, да ја помести главата.

оков за врат

Столб на срамот

Осудениот бил заглавен во полунаведната положба и не можел да се поместува – непријатна и болна положба. Бил поставуван на јавно место, а за дополнително мачење се грижеле граѓаните.

столб на срамот

Шпанска чизма

На оваа направа позната како шпанска чизма има навои, а со нивно навртување, целата површина ја притиска ногата, со што не само што се нанесувала болка и се правеле рани, туку се кршеле и коски.

шпанска чизма

Круша за мачење

Направата е позната како круша поради својот облик. Составена е од четири метални листови кои со навртување се шират. Датира од околу 1600 година. Кај жените се ставала во вагината, кај мажите во анусот, а лажговците ги казнувале со тоа што им ја ставале во устата и ја отворале се додека не ја раскинат кожата. Ваквиот вид на мачење ретко предизвикувал смрт, но бил често комбиниран со други методи на измачување.

круша за маче_е

Нирнбершка девица

Ова е метален или дрвен сандак со шилци во вратата од внатрешна страна. Сепак, на репликата во музејот на тортура во Загреб, шилците не се вистински, туку се меки, изработени од сунѓер.

нирнбершка девица

Пендулум

Оваа секира била наменета за мачење и егзекуција. Функционира како клатно и со секое придвижување лево-десно, полека се спушта кон торзото на осуденикот.

пендулум

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено