Државниот Музеј во Амстердам (Rijksmuseum) се сетил на брилијантна идеја да ги заинтересира луѓето за уметничките дела во него. Иако тие не ги забраниле камерите и телефоните навистина, ги поттикнуваат своите посетители да ги остават своите електронски уреди дома и да ги скицираат уметничките дела во музејот.
„Во денешниот свет на мобилни телефони и медиуми, посетата на музеј честопати е пасивно и површно искуство“, пишуваат на нивната веб страница. „Посетителите лесно го губат вниманието и не можат во потполност да ја доживеат убавината, магијата и чудото. Поради ова Државниот Музеј сака да им помогне на посетители да ја преоткријат и да ја ценат убавината на уметноста и историјата преку цртање.“
Секој е охрабруван да црта, при што луѓето од музејот истакнуваат дека не е важен крајниот резултат, туку вниманието на посетителите кон делата кои ги гледаат во музејот, се вели на нивната официјална веб страница.