Пред војната во Босна и Херцеговина во селото Осредак во Цазин живееле Бошњаци и Срби. Со текот на времето сите жители од српска националност се иселиле и зад себе оставиле православна црква и гробишта кои биле во сѐ полоша состојба. Но, последните неколку години едно муслиманско семејство решило да ги реновира и обнови црквата и гробиштата.
Семејството Керановиќ е единственото семејство во селото кое работи на обновата на црквата, со оглед на тоа дека останатите селани не се многу воодушевени од таа идеја. Синовите Самир и Менсуд студираат градежништво, па така ова им е одлична можност да покажат што знаат и да научат уште нешто ново, а кога тие се на факултет,нивната мајка Фатима често му помага на својот сопруг Месуд.
Овој потег на муслиманското семејство да реновира православна црква парично го потпомагаат и соседите Срби кои избегале оттаму и со години живеат ширум светот.
Месуд истакнува дека најмногу би сакал сите да се вратат на своето и жали што војната го подели народот. Вели дека се надева дека некои сепак ќе се вратат, дека ќе се дружат без разлика на нивната вера.