Гледачите на исламската телевизиска куќа Туба ТВ од Сенегал биле шокирани кога сред програма на малите екрани била прикажана порно снимка во времетраење од половина час.
Прикажувањето порнографски материјали во програма на национална телевизија е кривично дело, не само во муслиманскиот свет. Туба ТВ, не само што е национална, туку и верска така што медиумската набљудувачка група ЦНРА побарала објаснување од надлежните за инцидентот.
Во соопштението се споменува дека станува збор за скриена агенда, на неиндетификувани автори кои имале за цел да ги предизвикаат исламските вредности и обичаи. Директорот на телевизиската куќа Џибрил Надо, во одбрана, посочил кон барање да се најдат сатанистичките криминалци кои стојат зад објавата.