Според нејзиното сопствено раскажување, Сабина, жена која од муслиманска вероисповест минала во христијанство, додека лежела во мртовечницата опкружена со трупови, имала визија на дрво кое расте во бунар. Една гранка од стеблото на тој бунар се поместиа кон неа. Гранката тогаш се претворила во рака од крв и месо и Сабина ги слушнала зборовите: „Ако ја прифатиш мојата рака, ќе те вратам во живот.“ Сабина направила како што ѝ било речено. И тогаш се разбудила и го слушнала гласот на лекарите.

ms

„Жива сум, не грижете се!“ им повикала таа на преплашените доктори. Медицинските лица ѝ понудиле вода, облека и храна, по што ѝ обезбедиле превоз до болницата за истражување во состав на московскиот универзитет во средна Азија, каде што отпатувала за да го посети својот син кој е во затвор.

Запрепастениот болнички персонал не можел да си објасни како Сабина оживеала по два дена минати во кома, а потоа уште два во мртовечницата. Кога се вратила во својот дом, имала уште едно изненадување за своето семејство. „Морам да појдам на уште едно место“ – им кажала таа на своите ќерки.

И тргнала во локалната пентакостална црква, каде што ја објавила својата вера во Исус Христос, напуштајќи ја својата дотогашна муслиманска вера. Кога им раскажала сѐ на своите шест ќерки и на синот како се вратила во живот, сите ја прифатиле христијанската вера. Минатата година Сабина, која сега има 63 години, била сведок на преобратувањето и на сопствената 92-годишна мајка, како и на својот внук. Набргу потоа, и најстарата ќерка на Сабина, која била многу скептична кон христијанството, се свртела кон Исус.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено