Муслиманка која била казнета во својот роден Иран затоа што носела мини здолниште вели дека и понатаму жестоко ја критикуваат поради нејзината кариера на дизајнерка за костими за пливање. Тала Рааси раскажала дека кога имала шеснаесет години била осудена на четириесет камшици во својот роден град Техеран затоа што присуствувала на мешана забава со машки и носела мини здолниште, но не дозволила нејзината мака да ѝ попречи да се реализира како личност.

ir01

Наместо тоа, Тала се преселила во САД, каде што и покрај тоа што не знаела Англиски, се изборила за свое место во модниот свет, лансирајќи нејзина сопствена линија на костими за капење, а исто така ја напишала и својата прва книга. Во 2012 Тала била именувана за Најбестрашните жени во светот покрај жени како Хилари Клинтон и Опра Винфри – а сега таа си поставила за мисија да се избори за правото на жените да носат што сакаат без страв од осуда или прогон.

ir04 ir05

Тала, која сега има 35 години, во 1998 г. се забавувала на забава во куќа на нејзината пријатека, кога наеднаш упаднале припадници на Басиџ, милитантна група која себеси се смета за бранител на исламот.

„Кога упаднаа внатре, не најдоа алкохол ниту дрога. Единственото што најдоа беа странски видеокасети, сателитска ТВ, музика со Мараја Кери и Ејс оф Бејс и 90210 постери.“

ir07

Сепак, тоа било оквалификувано како доказ и причина тинејџерите да бидат одведени во злогласниот затвор Возара, и покрај очајните молби на родителите и нивните обиди да ги поткупат властите за да ги ослободат децата.

„Ме гледаа како грешница, злосторничка и неверничка“, раскажува Тала за своите први часови в затвор. „Кон нас се однесуваа како кон терористи фатени во заговор против владата.“

За време на својата прва ноќ во затворот, таа почнала да се сомнева во својата верба во човештвото додека ги слушала врисоците во соседните ќелии кои биле казнувани и измачувани поради „лошо однесување“. По четириесет дни им било соопштено дека добиле казна камшикување – 40 камшици за девојчињата и 50 за момчињата. Откако ги одвеле во некоја просторија заедно со нејзината пријателка Неда, тинејџерката била легната на кревет и удирана со кожен камшик. Болката била толку силна што не можела ни да вика. По овој инцидент, после што таа не можела да седи со недели, семејството на Тала решило да се пресели. Првин отпатувале до Дубаи, а оттаму во Вашингтон, САД, кадешто Тала отпрвин преживеала културен шок.

„Кога пристигнав овде, не говорев англиски и немав пријатели. Не можев да одам никаде, не можев да зборувам со никого и бев лута на семејството што ме доведоа тука. Но, кога сфатив какви можности има тука, се отворив за промените и тогаш нештата малку се подобрија.“

ir08

Тала се запишала на часови по англиски и нашла работа во бутик чијшто сопственик по потекло бил о дИран, и тука ја открила својата љубов кон модата.

„Јас пораснав во Иран, каде што жените одат покриени по улиците, каде што нема бутици и во училиштата не се учи за мода“, објаснува таа.

„Сѐ беше традиционално, можеш да бидеш адвокат, доктор или научник. Никогаш не знаев дека би можела да станам и модна дизајнерка. Кога дојдов овде во САД, сфатив дека можам да бидам што сакам и дека не морам да одам на правен факултет. Сакав да направам нешто што ќе им даде моќ на жените, да можат да си ја слават убавината без да се плашат од осуда или казна затоа што носеле тоа што сакаат да го носат.“

ir09

Сподели на Facebook
пати видено